фото: ПВК Орион - Скопје

ПВК Орион со 39 медали на меѓународниот пливачки натпревар „Нептун куп 2023“

Членовите на Пливачкиот клуб Орион – Скопје го имаа првиот натпревар во 2023 година, меѓународниот „Нептуп куп 2023“.

ПВК Орион освои вкупно 39 медали, од кои 20 златни, 10 сребрени и девет бронзени.

Јован Јанковски оствари младински рекорд во дисциплината 50 метри делфин.

Три пехари за најуспешни пливачи добија Ива Китановиќ, Јован Јанковски и Василиј Герасимовски.

На овој турнир освен од Македонија имаше и натпреварувачи од Косово, Албанија и Србија. Сите резултати од натпреварот можете да ги погледнете на линкот ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот