Владимир Путин/Фото: EPA-EFE/MIKHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин се закани со употреба на касетни бомби доколку таквите се користат против Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија има „доволно залихи“ на касетни бомби и дека Москва го задржува правото да ги користи доколку таква муниција се користи против руските сили во Украина.

Во интервју за државната телевизија, чии делови беа објавени денеска, Путин рече: „Се разбира, доколку се искористат против нас, го задржуваме правото да преземеме реципрочни мерки“.

Тој додаде дека Русија сè уште не употребила такво оружје и покрај „извесниот недостаток на муниција“. Украина доби касетни бомби од САД, муниција забранета во повеќе од 100 земји. Киев се обврза да ги користи само за ослободување на окупираните територии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот