Путин: Повеќе од 3 милиони жители во украинските региони добија руски пасоши

Владимир Путин / Фото EPA-EFE/NATALIA KOLESNIKOVA / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека повеќе од 3,2 милиони луѓе добиле руски пасоши во украинските региони под контрола на Русија.

„Повеќе од 3.200.000 жители на Доњецката и Луганската народна република, Запорожје и Херсонските региони добија пасоши како државјани на Руската Федерација“, рече Путин на состанокот со полициските службеници во Москва.

Путин, исто така, ги повика властите да се погрижат луѓето кои бараат руско државјанство да ги почитуваат вредностите на земјата.

„Принципот е дека само оние кои ги почитуваат нашите традиции, јазик, култура и историја можат да дојдат и да живеат и работат во Русија“, рече Путин. „Овој принцип мора да биде одлучувачки“, додаде тој.

Војната во Украина влезе во третата година од целосната инвазија на Русија. Москва бележи напредок на фронтот, но најголем дел од нивниот успех се должи пред се на недостигот на муниција со кој се соочува украинската војска пред се поради блокадата на американската помош во Конгресот од страна на републиканците.

Бундесверот итно испраќа 10.000 артилериски гранати во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот