Фото: EPA-EFE/MICHAIL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин откри дека примил „Спутник В”: Имав само еден ден темпeратура

Рускиот претседател Владимир Путин денеска откри дека, по негов избор, ја примил руската вакцината против коронавирус „Спутник В”.

Рускиот претседател, кој денеска одговара на прашања од руските граѓани, кажа дека бил замолен да не кажува која вакцина ја примил за да не создаде конкуренција, но потоа, сепак, призна дека станува збор за вакцината „Спутник В”, што беше развиена од рускиот Инвестициски фонд во соработка со институтот „Гамалеа”.

Оваа руска вакцина беше првата регистрирана вакцина во светот против Ковид-19.

-Донесов одлука да се вакцинирам со „Спутник В”, затоа што нашите вооружени сили се вакцинирани со оваа вакцина, а јас, сепак, сум врховен командант. По приемот на втората компонента од вакцината вечерта имав температура од 37,2 степени, а веќе утрината имав 36,6 степени, откри Путин.

Рускиот претседател додаде дека имунолошкиот тест покажал дека по вакцинирањето кај него има високо ниво на заштита од коронавирус.

Тој, исто така, истакна дека е против задолжителната вакцинација и дека „луѓето по неа се уште се соочуваат со инфекцијата, но дека болеста полесно се поднесува или е без последици”.

-Како што гледаме, кај нас се е во ред. Фала му на Бога, немаме трагични ситуации по вакцинирањето, како на пример по употребата на „АстраЗенека” или „Фајзер”, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот