Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Пуштена првата делница од новиот булевар Струмица – Дабиле
Денеска е пуштена за сообраќај првата делница од новиот булевар Струмица – село Дабиле. Овој проект е во партнерство финансиран од ЈПДП и Општина Струмица, односно со финансии од македонскиот народ, објави на неговиот профил на Фејсбук, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Препорачано

„Важноста на овој проект е огромна. Покрај растеретувањето на сообраќајот, што е клучно за една од најоптоварените делници во државата, поврзувањето на добар дел од струмичките села е особено важно. Колку е огромна вредноста за Дабиле? Со реализацијата, практично Дабиле не може да има третман на село, туку на струмичка населба која има булеварско поврзување до центарот на градот, на нецел километар, две индустриски локални зони и директно поврзување со Република Бугарија“, напиша Костадинов.

Инаку, изградбата на булеварот од излезот на Струмица до селото Дабиле, кој води кон граничниот премин Ново Село на македонско-бугарската граница, е во должина од два километра и почна да се гради во септември 2023 година.
Вкупната ивестиција за изградбата на булеварот, како што беше објавено на почетокот, чини околу 5 милиони евра од кои два обезбеди Општината, а три милиони евра се од ЈП за државни патишта.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
8мин
-
13мин
-
14мин
-
20мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5