Пукотници од петарди и друга пиротехника во Тетово, апелите на полицијата не помагаат

Традиционално неколку недели пред новогодишните празници, Тетово особено во вечерните часови на моменти наликува на воена зона. Пукотници од петарди и други пиротехнички средства ги вознемируваат граѓаните, а претставуваат и опасност, особено за тие што ги користат.

„Ние тетовци веќе сме навикнати од масовно користење на пиротехника пред новогодишните празници. Опасно и стресно е да се шеташ во овој период. Полицијата повикува, апелира, но бадијала, има е некои полициски акции во соработка со инспекторатот, за тие што продаваат пиротехника, но нив ги нема неколку дена на улиците, но потоа пак излегуваат со своите диви тезги низ тетовските улици и тротоари, вели еден тетовец.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово, велат дека деновиве значително ги засилиле контролните и другите активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства, но и со користење на огнено оружје на празнични и семејни свечености.

„Во таа насока, на трговците, родителите и учениците повторно им се укажува дека продавањето, односно купувањето и активирањето на петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност. Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа дело казниво по член 396 е предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Истото се однесува и кога станува збор за пукање со огнено оружје на различни места и по различни поводи. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта, исто така, да не користат пиротехнички средства, кои неретко можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото“, велат од СВР Тетово

Во функција на безбедно прославување на претстојните празнични и други свечености, покрај другото, а со цел навремено информирање на граѓаните, од Отсекот за превенција на СВР Тетово планирани се состаноци, односно средби со советодавните групи на граѓани. Ќе се дистрибуираат и поголем број флаери и плакати со пораки „Не користи пиротехнички средства“, додаваат од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот