Фото: Данас

Пукање сред бел ден во Ужице, ранети три лица

За време на пукање во центарот на Ужице, како што дознаваат српските медиуми тешко се повредени три лица.

Пресметката се случила во време кога во тој дел од градот имало многу граѓани и ученици од блиското основно училиште.

Според сведочењето на жителите од околните згради, едно или две лица на мотори пукале кон џипови марка БМВ и Мерцедес.

Според друга верзија, исто така неофицијална пак мажи од џипови пукале во мотоциклисти.

Тројцата повредени се пренесени во болницата во Ужице.

Од Полицијата велат дека пукањето било пријавено во 13 часот и 10 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!