
ПСЖ или Борусија Дортмунд: Кој ќе биде првиот финалист во Лигата на шампионите?
Денеска од 21.00 часот во Париз, Франција, ќе се игра реваншот од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите меѓу екипите на ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Препорачано
Германскиот претставник по првиот натпревар има минимална предност од 1:0 и ќе се обиде истата да ја одбрани за пласман во финалето, што би било прво за „милионерите“ по 11 години во ова натпреварување.
Париските „светци“ еднаш беа финалисти во 2020 година кога загубија од Баерн Минхен во Лисабон.
Според најавите на денешниот дуел за ПСЖ нема да играат Хернандез, Кимпембе, Курзава и Рико, а на спротивната страна во составот на Дортмунд нема да бидат Бенсебаини и Дуранвиј.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи верува дека навивачите на „Паркот на принцовите“ ќе бидат клучни на мечот:
– Воодушевени сме што играме пред нашите навивачи кои ќе нè водат до победа. Тие ќе бидат нашиот 12 играч. Доколку јас се прашувам, би ги тргнал сите седишта од „Паркот на принцовите“ за да дојдат што повеќе луѓе и атмосферата да биде исклучителна – вели Ал Келаифи.
Semi-final decider in Paris ⌛️#UCL pic.twitter.com/IlVS1ToTJC
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 7, 2024