
Психосоматски сигнали: Што открива болката во вратот, рамото или срцето за вашите емоции и како да си помогнете
Одамна е познато дека емоциите можат да предизвикаат телесни сензации. Кога сме заљубени, чувствуваме „пеперутки“ во стомакот; кога се чувствуваме засрамено, образите ни се вцрвенуваат; а кога сме возбудени или воодушевени од нешто, целото наше тело станува немирно. Ова е поткрепено и од студија која вели дека сите луѓе, без разлика на културата или јазикот, имаат исти физички сензации поврзани со емоциите.
Препорачано
Самопроверка на чувствата во телото
Дека врската помеѓу умот и телото е едно од најдлабоките човечки искуства верува и Холи Бранденбергер, медицинска сестра и ароматерапевт чии совети ги апсорбираат повеќе од милион нејзини следбеници на Инстаграм.
– Често зборувам за тоа како правам кратка самопроверка на чувствата во текот на денот пред да изберам кое масло да го користам. Ги затворам очите и обрнувам внимание каде чувствувам напнатост во моето тело, какви мисли ми поминуваат низ главата и како генерално се чувствувам. Многу често, само таа една минута јасно ми покажува што ми треба во тој момент, без разлика дали е тоа нане за брзо зголемување на енергијата, рузмарин за подобра концентрација или масло од чајно дрво за смирување кога се чувствувам иритирано или преоптоварено – објаснува Бранденбергер.
Да се обрне внимание
Кога стресот влијае на одреден дел од телото, вели таа, важно е да се обрне внимание не само на тој дел од телото, туку и на самиот стрес. Сепак, таа истакнува дека сите физички болки, сензации или психосоматски заболувања не се поврзани со стрес и емоции. Ако сте сериозно загрижени за нешто што го чувствувате во вашето тело, таа препорачува да разговарате со вашиот лекар.
Што ви кажува тензијата во вашето тело и како можете да се ослободите од неа?
Таа сподели неколку методи што можете да ги користите за ослободување на тензијата складирана во вашето тело преку неколку примери:
– Болката во вилица ни кажува за потиснат гнев и неизговорени зборови. Можете да ја опуштите со нежна масажа, прозевање или дури и потпевнување.
– Болката и напнатоста во рамењата се знак за носење товар или одговорност. Обидете се да ги опуштите со лесни кружни движења на рамената, длабоко дишење и истегнување.
– Болниот стомак зборува за вознемиреност, страв и тешкотии при обработка на некакво искуство. Олеснете ја болката со дијафрагматско дишење и пиење топол чај.
– Проблем со вратот може да укажува на вкочанетост и отпор, чувство на преоптовареност и неповрзаност на телото и умот. Обидете се да ја ублажите болката со лесни истегнувања на вратот, нежни ротации и топла облога.
– Болката во градите ни укажува на тага, жалост и потиснати емоции. Длабокото дишење ќе помогне во овој случај.
– Болката во главата ни укажува за прекумерно размислување, ментален напор, притисок за исполнување на цел или необработен стресен настан. Бранденбергер препорачува нежна масажа на скалпот, свесно дишење и наизменично дишење преку ноздрите.
– Болката во челото и пределот на веѓите укажува на прекумерно ментално размислување, грижа и перфекционизам. Релаксирајте се со нежно масирање на пределот на веѓите, ставање топли облоги врз очите и правење свесни паузи.
– Болките во очите укажуваат на преголем напор и прекумерна работа. Покрај тоа што ќе правите кратки паузи од екранот, смирете ја болката со ладни облоги.
-Болката во долниот од грбот може да укажува на недостаток на поддршка, финансиски грижи и стрес за преживување. Обидете се да заземете „бебешка поза“, малку наведнувајќи се напред.