Претставниците на Македонија на 66-тата Меѓународна математичка олимпијада во Австралија / Фото: Умно.мк

Првпат по 11 години покриени трошоците на македонските олимпијци по хемија во Дубаи

На Меѓународната олимпијада по хемија во Дубаи, матурантите Марио Ванчоски и Петар Мирчевски освоија сребрен односно бронзен медал, како и една пофалница – за Теона Ана Георгиевска, а на најстарата олимпијада по хемија – „Менделеев“ во Бело Хоризонте во Бразил, тие се вратија со два бронзени медала.

Првпат по 11 години од учествата на Сојузот на хемичарите и технолозите од Македонија на меѓународните натпревари, Министерството за образование и наука годинава им ги покри трошоците за нивното учество.

Министерката Јаневска рече дека денешниот настан е организиран за да се уважат младите кои освојуваат медали на меѓународни олимпијади каде што, рече, постигнуваат извонреден успех. Таа нагласи дека се подготвува концепција за талентирани ученици.

„МОН ги поддржува талентираните луѓе и оваа година ги покри сите трошоци за учество на една олимпијада, а, пак, учениците ќе имат можност да аплициаат за да си остварат дополнителни права за талентирани ученици. Министетството и во иднина ќе продолжи да ги спонзорира и мотивира најумните деца од Македонија. И не само нив, и сите останати со сите можности што ги има на располагање. Дополнително од тоа што ќе ги покриеме трошоците на учениците и нивните ментори, во моментов се изработува и концепција за талентирани, што значи особено внимание ќе обрнеме на оние деца кои всушност ја претставуваат оваа земја, а овој момент се најдобрите амбасадори на нашата татковина“, изјави Јаневска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот