Првото „кафуле за мачки“ отворено во Ниш: Играње со мачки додека пиете кафе и плаќање по желба

Во Ниш е отворено „кафуле за мачки“ – првото место во јужна Србија каде што можете да уживате во друштво на мачки.

Плаќањето е опционално – можете да оставите храна, песок или парични донации. Сè оди кај мачките, нивните ветеринарни трошоци, сместувањето и другите потреби, вели Вања Трниниќ од здружението Азра, кое стои зад ова необично кафуле.

Додека не го најдат својот дом, сите љубители на мачки можат да си играат со нив на пијалок.

Според Лука Богдановиќ, љубител на мачки и член на ова здружение, ова кафуле нуди антистресна терапија и поврзување со овие животни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот