Цветанка Невчева / стихозбирка „Исихија“ / колаж

Првонаградената стихозбирка „Исихија“ на Цветанка Невчева ќе биде промовирана на манифестацијата „Денови“

Наградата „Бели мугри“ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје и истата е дел од едицијата „Бели мугри“, за 2024 година ја доби поетесата Цветанка Невчева.

Стихозбирката „Исихија“ ќе биде промовирана на 4 декември (среда), во 19 часот, во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, каде ќе се одржи поетско-музичката манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Пред 85 години од печат излезе стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин. По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката „Бели мугри“. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата од страна на актерите Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов. Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска.

Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката „Исихија“ од наградената авторка Цветанка Невчева до читателите гласи: „Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот