
ФОТО: Првите дами на Америка што излегоа од сенка и оставија голем белег во историјата
Првата дама добива можност да направи промени во својата земја, а воедно треба да им служи и како пример на граѓаните.
Препорачано
Зад секој успешен маж, стои успешна жена, или жена што го поддржува. Можеби оваа изрека најмногу ги отсликува првите дами на САД, кои ја одбележаа нивната историјата. Со својот стил и изглед, како и со посветеноста кон државата, тие го привлекуваа вниманието на јавноста со векови, беа пример за жените во САД и во светот.
Џеки Кенеди

Џеки Кенеди остана омилена прва дама на јавноста во американската историја. Граѓаните се восхитуваа на нејзината грациозност, но и на нејзиниот порив својата улога во Белата куќа да ја доведе до максимум. И покрај тоа што кратко беше прва дама, поради несреќните околности што ја погодија. Таа улога ја презеде во 1961 година, а шокантниот атентат на Џон Кенеди се случи само две години подоцна.

Џеки била првата дама која се обидела Белата куќа да ја претвори во еден вид музеј на американската историја и култура. Често патувала со сопругот и обожавала уметност. Поради тоа ѝ се восхитувале многу државници ширум светот. Џеки беше една од најпознатите и најфотографираните жени во светот.

Марта Вашингтон
Марта Вашингтон била прва дама, буквално. Сопругата на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон имала најголемо влијание врз сите први дами во иднина, а токму таа и ја осмислила улогата на прва дама. Била позната како голем заложник за помагање на сиромашните. Марта била вистинска американска хероина, не само во својата земја, туку и во целиот свет.

Еленор Рузвелт

Прва дама што инспирирала најмногу била Елеонор Рузвелт, сопруга на претседателот Френклин Рузвелт, кој дошол на чело на државата во 1933 година. Оваа должност Еленор ја извршувала сè до неговата смрт во 1945 година, а со текот на времето им го трасирала патот на моќните први дами што дошле по неа. Еленор одржувала прес-конференции и често зборувала за човековите права, правата на жените и на децата. Им помагала на сиромашните граѓани и инсистирала расната дискриминација да се сведе на минимум.

Бети Форд
Откако Џералд Форд станал претседател, Бети Форд со задоволство ја прифатила улогата на прва дама. Од 1974 до 1977 година, станала позната како најотворената прва дама. Јавно зборувала за правата на жените, за абортусот и за разводот. Иако многу конзервативци не ѝ биле наклонети поради нејзините ставови, таа добила симпатии од граѓаните.

Ненси Реган

Ненси Реган ја почнала кариерата како актерка на Бродвеј, но одлично се подготвувала за улогата на прва дама од 1981 до 1989 година. Таа се борела против злоупотребата на алкохол и дрога и водела многубројни кампањи против опијатите.

Барбара Буш
Барбара Буш била прва дама од 1989 до 1993 година, а кога починала во 2018 година, голем број граѓани се собрале да ѝ оддадат почит на една од најмоќните први дами во историјата.

Мејми Ајзенхауер
Двајт Д. Ајзенхауер на чело на САД бил од 1953 до 1961 година, а покрај него цело време била сопругата Мејми. Жените ѝ се восхитувале, го копирале нејзиниот моден стил и ја третирале како холивудска ѕвезда. Таа била пример за средната класа, а со публиката често комуницирала преку ТВ-емисии.

Клаудија Џонсон
Сопругата на американскиот претседател Линдон Б. Џонсон, Клаудија, била гласен застапник за правата на жените, поради што публиката ја сакала во текот на целиот мандат. Во 1977 година, била одликувана со медал на слободата, една од најпрестижните граѓански награди во САД, а во текот на целата своја кариера како прва дама се залагала за борба против сиромаштијата.

Мишел Обама
Мишел Обама била една од најстрасните први дами на Америка. Нејзиниот порив да направи промени во светот остана забележен. Преку својата работа, таа ги освои срцата на Американците и имаше многу проекти. Ги поттикнуваше девојчињата да учат и беше амбасадорка во борбата против дебелината кај децата.
