Првиот тенисер кој објави дека е хомосексуалец доби суспензија поради местење натпревари

Фото: Maxence Brovillé/Instagram

Максан Бровил во светот на тенисот стана познат пред две години кога јавно објави дека е хомосексуалец и дека е во врска со друг француски тенисер Фабиен Ребул.

Бровил на социјалните мрежжи објави заедничка фотографија како се бакнуваат, а сега му беше соопштено дека е суспендиран на седум години.

Меѓународната агенција за тениски интегритет ИТИА потврди дека е суспендиран поради местење натпревари, исто така ќе мора да плати казна од 5.000 долари за одбивање да соработува во истрагата.

Најдобриот пласман кој го имаше во кариерата е 708. место на АТП листата, а по обвинението дека одбил да ги предаде своите електронски уреди му било соопштено дека е суспендиран до 19-ти јуни 2030 година, бидејќи му се брои времето од кога доби забрана за играње.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот