фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Првиот човек на Наполи, Де Лаурентис: Следниот чекор е освојување на Лигата на шампионите

Со ремито со Удинезе, Наполи и официјално стана нов шампион на Италија. Титулата што ја чекаат од 1990 година.

Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис го зеде микрофонот и одржа говор пред 50.000 луѓе на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

– Тоа е кулминација на очекувањето кое траеше 33 години. Кога пристигнав, реков дека ќе бидат потребни 10 години за да се вратам во Европа, ветување што однапред го исполнив, потоа ќе бидат потребни 10 години за да го освоиме Скудетото, и ова е однапред направено. Сега треба повторно да победуваме, а следниот чекор е освојување на Лигата на шампионите – рече Де Лаурентис.

Првиот човек на „наполитанците“ верува дека ова е само почеток:

– Овој тим беше оптоварен со обврски, ни требаше свеж воздух и да летаме високо како група, без индивидуалности кои беа кочница. Проектот никогаш не завршува, ова е почетната точка, а не точката на пристигнување. Почнуваме повторно со Спалети – се зборовите на Де Лаурентис.

ФОТО | „Гранде“ Пандев: Секоја чест бато, да се множат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот