Првиот авион со помош од САД за Газа пристигна во Египет

Претставничкиот дом на САД / Фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Првиот од трите планирани американски воени летови за помош со храна, медицински материјали и зимска опрема слета во Египет, додека Вашингтон ја засилува хуманитарната помош за Појасот.

Авионот Ц-17 на воздухопловните сили слета во Египет со 24,5 метрички тони медицински материјали и готова храна, соопшти американската Агенција за меѓународен развој.

„Со 1,7 милиони внатрешно раселени лица и 2,2 милиони на кои им е потребна хуманитарна помош, зголемените хуманитарни резерви се од суштинско значење за спасување животи и ублажување на страдањето на најранливите“, се вели во соопштението на УСАИД.

Обединетите нации ќе ја однесат помошта од египетскиот регион Северен Синај, кој се граничи со Појасот Газа под контрола на Хамас, на самата погодена палестинска територија, соопштија американските власти.

Во наредните денови ќе пристигнат уште два авиони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот