Книгата е објавена во едицијата „Современа теорија“ на „Илика“

Првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска ќе биде претставена со промоција и читачки кружок

Промоција и читачки кружок поврзани со првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, со наслов „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, ќе бидат влез во новата едиција „Современа теорија“ на „Илика“.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни, во 19 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје. Разговорот со авторката ќе го модерира преведувачката и истражувачка Андријана Папиќ Манчева, а низ него ќе бидат отворени клучните теми кои ја сочинуваат богатата содржина на оваа збирка есеи.

Читачкиот кружок поврзан со есеите на Хаџиевска ќе се одржи на 14 јуни, во 19 часот, во социјалниот центар „Дуња“. Низ отворен разговор со авторката, на средбата ќе има можност подробно да се разговара за есеите, да бидат споделени импресии од прочитаното и да бидат толкувани во поширок контекст.

„Суспендирана итност“ е збирка есеи кои Ивана Хаџиевска ги пишувала и ги објавила во периодот од 2014 до 2024 година. „Суспендирана итност“ е пишувана низ призмата на историјата, социологијата, филмот и родовата димензија. Авторката ги разгледува симптомите на руптурните кризи кои го потресувале светот од 20 до 21 век.

Во својата рецензија за збирката, Здравко Савески пишува: „Хаџиевска посочува на очајното ниво на македонската и балканската историографија и политика на сеќавање, при што, наместо повеќе да се работи на разбирањето на националните митови, се наметнуваат поими за „историска вистина“. (…) Хаџиевска ја има таа интелектуална храброст, толку малку почитувана, а толку многу важна.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот