Дизајнот на насловната корица е на Зоран Кардула

Првата книга на авторот Миле Бошњаковски е со наслов „Погром – Записи на Рафаел Дорон“

Издавачката куќа „Темплум“ ја објави првата книга на авторот Миле Бошњаковски, насловена „Погром записи на Рафаел Дорон“. Според Искра Гешоска, еден од рецензентите на книгата, станува збор за полижанровска форма или записи направени во три херменевтички правци кои, сепак, се читаат со неверојатна леснотија.

Новинарот Валентин Нешовски, за „Погром – Записи на Рафаел Дорон“ посочува дека „приказните поместени во оваа книга удираат како чекан на наковалната, но од триењето не летаат искри, туку еквиваленти на разлетани пеперутки од добри пораки, искуства, животни филозофии, веродостојни поуки за човештвото“.

Според, Нешовски „ликовите на Бошњаковски живеат со сласт и страст во едно опасно време пред Втората светска војна во Скопје. Авторот низ приказните мајсторски ги црта контурите на животот доволно прецизни за читателот да додаде бои, мириси и чувства. Минимализмот, сличен на оној на Данил Хармс, всушност, отвора раскошна палета за размислување за сцените во книгата“.

– Расказите „Цицките на Јана“, „Ќерката на ковачот“, „Шеќерно јаболко“, „Разговор со докторот“, „Пизма на писмото“, како и цртките „Мислевме ќе помине“, „Зелено-црн“ и „А да немаш мајка“, се мали генијални таписерии со бои и мириси, но и феноменологии на едно време – истакнува Нешовски.

Изданието има ексклузивна корица и илустрации во авторство на Зоран Кардула, а графичкиот дизајн е на „Кома“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот