Грета Гервиг / Рајан Гослинг / Марго Роби / Фото: ЕПА /Принтскрин / Јутјуб

Прва жена режисер на оваа функција на фестивалот: Грета Гервиг претседателка на жирито на Филмскиот фестивал во Кан 2024

Актерката и режисерка Грета Гервиг ќе биде претседателка на жирито на Филмскиот фестивал во Кан 2024 година.

Грета Гервиг, актерката и режисерка на филмот „Барби“ (Barbie), кој заработи 1,4 милијарди на светските благајни и доби девет номинации за Златен глобус, ќе биде претседателка на жирито на престижниот филмски фестивал.

Гервиг веќе беше во Кан со својот партнер Ноа Баумбах во 2017 година, на премиерата на неговиот филм „Приказните на Мејеровиц“ (The Meyerowitz Stories), но никогаш сама не претставувала филм.

Постоеја преговори и за емитување на „Барби“ на овогодинешниот фестивал во Кан, но временски никако не се вклопувало.

Овој филм на куќата „Ворнер брос“ беше објавен на 19 јули и стана огромен хит и филм со најголема заработка на годината зад нас.

Претседател на Филмскиот фестивал во Кан во 2023 година беше Рубен Естлунд, а Гервиг ќе биде првата жена режисер на оваа функција на фестивалот.

Првата жена претседател на жирито беше Оливија де Хевиланд во 1965 година, а за споменување е и Џејн Кемпион, која ја имаше оваа улога во 2014 година.

– Ова е очигледен избор, бидејќи Грета Гервиг толку смело ја претставува желбата за обновување на кинематографијата, за што Кан секоја година е лидер, а воедно и огласна табла – рекле Ајрис Кнобло, претседателка на Кан, како и генералниот делегат Тиери Фремо.

„Надвор од седмата уметност, таа е и претставник на ерата која ги урива бариерите и ги меша жанровите, со што ги подигнува вредностите на интелигенцијата и хуманизмот“, додале тие.

Иако започнала како актерка, Грета Гервиг се пробила како режисерка со филмот „Lady Bird“ од 2017 година, што ѝ донесе номинација за најдобар режисер.

Следно, 77. издание на Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи од 14 до 25 мај.

Златен глобус 2024: Филмовите „Барби“ и „Опнехајмер“ со убедливо најмногу номинации

ВИДЕО | Погледнете го новиот трејлер за филмот „Barbie“: За четири часа собра милион и пол прегледи

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот