Фото: EPA/EFE

Прва реакција од САД: Наредбата на Путин за нуклеарните сили е неприфатлива ескалација на војната

По наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за зголемување на степенот на подготвеност на руските „сили за одвраќање”, односно нуклеарните сили на земјата, со првична реакција се јави американската амбасадорка во Обединетите нациии, Линда Томас-Гринфилд.

Таа оцени дека „ова значи оти претседателот Путин продолжува да ја ескалира војната, на начин што е целосно неприфатлив”, пренесоа британските медиуми.

-Тоа значи дека мораме да продолжиме да ги запираме неговите постапки на најсилен можен начин, рече Томас-Гринфилд во изјава за Си-би-ес.

Путин претходно денеска им нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу и на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, Валериј Герасимов, да ги стават руските сили за одвраќање во состојба на специјална борбена готовност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот