Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Прва официјална посета на ирски премиер во нашата земја, Ковачевски го пречека Варадкар со највисоки државни и воени почести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата, го пречека премиерот на Ирска, Лео Варадкар, кој е во официјална посета на земјава.

Ова е прва официјална посета на ирски премиер на нашата држава, која со Ирска годинава одбележува 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, оопшти владината прес-служба.

Според агендата, предвидена е тет-а-тет средба на двајцата премиери, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации. По одржувањето на билатералната средба, премиерот Ковачевски и премиерот Варадкар ќе одржат заедничка прес-конференција.

Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Во составот на македонската делегација се присутни и заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Премиерот на Ирска попладнево пристигна на меѓународниот аеродром „Скопје“, каде беше пречекан од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Денес му посакав добредојде во Скопје на премиерот на Ирска, Лео Варадкар. Премиерот Варадкар е во посета на Северна Македонија, која е дел од посетите на трите земји кандидати за членство во ЕУ од регионот. Неговата посета на Западен Балкан доаѓа во време кога продолжуваат преговорите за проширување на ЕУ, соопшти Маричиќ, оценувајќи ја посетата како позитивен сигнал за европската перспектива на регионот и државата.

Ирскиот премиер ќе оствари средба и со претседателот на државата Стево Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот