Фото: Принтскрин - Инстаграм

„Прв семеен Божиќ“: Ребел Вилсон објави празнична фотографија со партнерката и ќерката

Австралиската актерка и комичарка Ребел Вилсон пред неполни два месеци стана мајка. Таа на Инстаграм објави дека добила ќерка со помош на сурогат мајка.
Во јуни оваа година, Ребел ја потврди врската со Рамон Агрум, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“, по што се свршија по само седум месеци врска на „Ноќта на вештерките“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)


Ова е прв Божиќ за Ребел и Рамона како семејството. Актерката на својот инстаграм – профил сподели фотографии на кои таа и нејзината партнерка  позираат со новородената ќерка Ројс Лилијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Прв семеен Божиќ“, напиша таа во описот на фотографиите на кои позираат пред новогодишна елка, додека нивното бебе е во количка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Претходно Ребел на социјалните мрежи сподели и дека фамилијарно се фотографирале со Дедо Мраз. Актерката и Рамона не објавија каде ги поминуваат празниците, но пред неколку дена папараците ги снимија во Аспен.

ФОТО | Ребел Вилсон стана мајка: Актерката во нова улога заедно со вереницата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот