Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Прв медал по ерата на Новицки, Шрудер и донесе бронза на Германија
Кошаркарската репрезентација на Германија го освои бронзениот медал на Европското првенство откако во натпреварот за третото место во Берлин ја совладаа Полска со 82:69.
Препорачано
Ова е прв медал за Германија на ЕП по ерата на Дирк Новицки, последен пат на победничкиот подиум „панцирите“ се најдоа во Белград 2005 година кога беа вицешампиони.
Од друга страна, полската бајка немаше среќен крај и Полска која приреди изненадување со елиминацијата на се уште актуелниот шампион Словенија, остана без медал.
Германците беа апсолутен фаворит на натпреварот и таквата улога ја оправдаа на теренот иако во еден момент Полјаците се заканија.
Германија предводена од Денис Шрудер одлично го започнаа натпреварот и по првата четвртина која ја добија со 19:14, беа уште подобри во вторите 10 минути кои ги решија во своја корист со 17:9.
Во третата четвртина Германците ја чуваа предноста, но на стартот од последните 10 минути Полјаците дојдоа до минус 2 и потоа со тројката на Гарбач израмнија на 59:59. Одговорот на Германците беше преку поените на Тиман, Фејтман и на Шрудер за водство од 73:64 на четири минути до крајот со што ги решија дилемите околу победникот и освојувачот на бронзениот медал.
Најефикасен кај Германија беше Шрудер со 26 поени, а Фејтман постигна 14, додека кај Полска се истакна Соколовски со 18 постигнати поени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5