ноел галагер
Фото Профимедиа

Прозборе за ДРАМАТИЧНИОТ ОДНОС со братот: Ја сакав мајка ми додека ДА ГО РОДИ НЕГО

Ноел Галагер и неговиот брат Лијам се членови на култниот бенд Oasis и сите досега мислеа дека имаат одличен братски однос.

Но, постариот брат, во интервју за Гардијан изјави дека всушност тие имале проблематичен однос, кој датира многу пред 2009 година, кога всушност Ноел го напушти бендот.

Оттогаш тие јавно се прозиваат еден со друг, со навреди, а Ноел изјавил дека ја сакал својата мајка, додека да го роди неговиот брат. Лајам пак, ја обвинува сопругата на Ноел, Сара, дека е виновна за распадот на Oasis, нарекувајќи ја вештерка.

Исто така, Ноел го обвини Лајам дека ја вознемирувал неговата ќерка, но и неговата сопруга. Тој не ја следи музичката кариера на својот брат, а последен пат се виделе кога случајно се сретнале пред неколку години во Манчестер.

„Кога и да го видам, тој е пристоен, но во очите му се гледа дека всушност ги полни гаќите“, прокоментирал Ноел Галагер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот