Франција/ Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Протести во Франција: Шест полицајци повредени, 119 лица уапсени

Во Франција, каде што се одржуваат протести низ целата земја, до 14:00 часот беа уапсени 119 лица, а шест полицајци беа повредени.

Како што објави BFM ТВ, полицајци беа повредени за време на судирите со демонстрантите.

Какоп што се наведува,  собирите се евидентирани на 439 локации низ целата земја и дека се преброени околу 243.000 демонстранти. а  за време на протестот биле блокирани 92 патишта.

Во еден момент, учесниците на протестот се собраа пред Министерството за економија во Париз и влегоа во дворот на Министерството, но брзо си заминаа.
Францускиот премиер Себастијан Лекорни рече дека ситуацијата се следи внимателно.

По 14:00 часот во неколку градови – Париз, Бордо, Нант, поворки од демонстранти започнаа протестна прошетка.

Учесниците носат транспаренти „Макрон, ако е шампион, дај оставка“, „Пари за образование, а не за бомбардирање“, „Оданочи ги богатите, спаси ја планетата“ и многу други.

Parisienne известува дека центарот на Париз е блокиран.

Во текот на утрото, средните и основните училишта, како и железничките станици и метрото, беа блокирани, но по некое време демонстрантите се повлекоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот