Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Просечната плата во август „скокнала“ за 11 проценти и сега е близу 32.000 денари, тврди државната статистика

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето плата за вработен во август 2022 година изнесува 31.871 денар, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

Според државната статистика, зголемувањето на просечната месечна нето плата за 11,3 % во август годинава се должи, пред сè, на растот на платите во секторите: преработувачка индустрија (16,2 %), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Владата денеска во соопштение се пофали дека „континуираното зголемување на просечната нето плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата, која изнесува 18.000 денари“.

„И во следниот период Владата продолжува со креирање мерки и амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза“, се вели во владиното соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот