Лори Лофлин и Мосимо Џанули - Фото: EPA/CJ GUNTHER

Пропадна уште еден холивудски брак: По 28 години се разведува ѕвездата од серијата „Полна куќа“

По речиси три децении брак, Лори Лофлин и сопругот Мосимо Џанули решија да тргнат по различни патишта. Нејзиниот долгогодишен публицист ја потврди веста, истакнувајќи дека двојката моментално живее одвоено, но дека сè уште не е покрената законска постапка за развод, пишува „Си-ен-ен“.

Лафлин и Џанули се венчаа во 1997 година и имаат две ќерки, Оливија Џејд и Изабела Роуз, кои исто така беа индиректно вмешани во скандалот со прием на колеџ што го потресе Холивуд во 2019 година. Двојката потоа беше обвинета дека платила 500.000 долари за нивните ќерки лажно да бидат прикажани како членови на веслачкиот тим на Универзитетот во Јужна Калифорнија, иако никогаш не се занимавале со овој спорт.

По месеци правна битка, Лафлин се изјасни за виновна за заговор за измама и отслужи два месеци затвор. Покрај затворската казна, ѝ беше наредено да изврши 150 часа општествено корисна работа и да плати казна од 150.000 долари. Џанули доби малку построга казна – пет месеци затвор, 250 часа општествено корисна работа и казна од 250.000 долари.

Нивната брачна криза беше дополнително продлабочена од насобраните притисоци, што кулминираше во февруари оваа година кога ја ставија на продажба својата луксузна вила во Хиден Хилс, Калифорнија, проценета на 16,5 милиони долари. Американските медиуми пишуваа дека одлуката за продажба на куќата била првиот јасен знак дека двојката се разделува.

Иако и двајцата избегнуваа да даваат јавни коментари, извори блиски до семејството велат дека нивните односи со нивните ќерки се затегнати по скандалот. Оливија Џејд и Изабела Роуз наводно едвај разговарале со своите родители во деновите по пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот