pixabay

Пронајдете ја вашата сродна душа со помош на астрологијата

Љубовта понекогаш функционира на мистериозни начини или едноставно во склад со ѕвездите. Одредени хороскопски знаци се покомпатибилни со други и доколку ве интересира кој знак би можел да биде ваш идеален партнер, астрологијата би можела да ви даде одговор.

Овен
Најмногу си одговара со: Лав и Стрелец.

Потребата на Овенот за авантура најдобро ќе ги поврзе со Лавовите и Стрелците, другите огнени хороскопски знаци кои го разбираат огнениот темперамент на Овните. Вагата пак од друга страна е потполно спротивен знак од Овенот, а и останатите воздушни знаци кои карактеризираат комуникативност – ги фрустрираат Овните кои не сакаат многу да зборови, туку дела. Во врските Овенот најмногу се плаши од губење на независноста.

Бик
Најмногу си одговара со: Девица, Јарец, Вага.

Бикот кој е секогаш отворен за убавина, добар вкус и удобност, најдобро ќе се согласува со земјените знаци, Девица и Јарец, кои исто така се препуштаат на сетилното уживање. Вагата и Бикот, со кои владее Венера, се добар пар за споделување страст кон уметноста. Биковите, кои многу се потпираат на себе, понекогаш се плашат од врзување за некого.

Близнаци
Најмногу си одговара со: Вага, Водолија, Лав.

На Близнаците многу ќе им одговараат другите воздушни знаци како што се Вагата и Водолијата, кои може да ги издржат нивните интелектуални потфати и да се препуштат на нивната љубов кон добриот разговор. Близнаците одлично се согласуваат и со Лавовите, но не и со водните знаци – Риби, Скорпија и Рак, кои сакаат повеќе да овозможат длабока физичка и емотивна врска.

Рак
Најмногу си одговара со: Риби, Рак, Скорпија.

Спрема Раковите мора да се однесувате со големо внимание, бидејќи се многу чувствителни и најлесно е да ги повредите, а многу други знаци се премногу груби за нежната душа на Раковите. Раковите добро се согласуваат со останатите водни знаци, особено со имагинативните и исполнети со љубов Риби кои нема да се воздржат да заплачат и да се соживеат со Ракот. Јарецот кој е спротивност од Ракот, може да му пружи поддршка, сигурност и потпора, но не спаѓа во партнери со многу емпатија.

Лав
Најмногу си одговара со: Овен, Стрелец.

Лавот ужива во помислата дека сите го сакаат, но не може секој да се носи со огнената природа на Лавот. Лавовите добро се согласуваат со Овните и Стрелците, останатите огнени знаци, кои се подеднакво темпераментни и бестрашни, и не се воздржуваат од давање искрена повратна информација која им е потребна на Лавовите. Лавовите истовремено ги инспирираат сите други, но и земаат многу енергија од другите. Партнерството на два Лава претставува постојана борба за „круната“.

Девица
Најмногу одговара со: Јарец, Бик.

Девиците не толерираат драми и љубовта ја покажуваат преку постапки. Нивната практична природа добро се совпаѓа со знаците кои не внесуваат драма, како што се останатите земјени знаци, Јарецот и Бикот. Тие бараат партери кои ќе работат подеднакво напорно, иако никој не работи повеќе од Девиците. Огнените знаци може да го зачинат животот на Девиците, но нивната непредвидливост и недостатокот на обрнување внимание на деталите, може да ја направат Девицата нервозна.

Вага
Најмногу си одговара со: Близнаци, Водолија.

Вагите со скоро сите знаци се согласуваат одлично, бидејќи се исклучително прилагодливи кон сите хороскопски знаци. Овој друштвен и интелектуален знак ужива во друштво на зборлестите Близнаци и иновативните Водолии. Вагата сака паметен, сталожен и атрактивен партнер, така што знаците кои се емотивно нестабилни како Ракот и Скорпиите, претставуваат ризик. Огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец се одличен извор на инспирација за Вагите. Вагите имаат аверзија кон конфликти и се плашат од нарушување на мирот.

Скорпија
Најмногу си одговара со: Рак, Риби, Јарец, Бик.

Скорпиите никогаш не се задоволни со површинска слика и секогаш се трудат да ископаат под површината. Со силен сексуален и емоционален нагон, Скорпиите имаат потреба од некој со желба и издржливост. Добро се согласуваат со водените знаци, Рак и Риби, кои го разбираат нивниот посебен вид на љубов во која се раѓаат длабоки чувства и се манифестираат на многу различни начини. Скорпиите се многу посветени и веројатно би се почувствувале издадени, доколку покрај себе ги имаат „летечките“ Близнаци или „залутаните“ Стрелци. Јарците и Биковите може да се покажат како фантастични љубовници.

Стрелец
Најмногу си одговара со: Овен, Лав, Близнаци.

Стрелците се „скитници“. Ја сакаат слободата и секогаш се вртат кон следната најдобра работа. Другите огнени знаци – Овен и Лав, може да ги следат во таа потрага, делејќи ги со нив занесот и страста за живот. Не заборавајте дека не се сите кои лутаат воедно и изгубени. Стрелецот не може да поднесе партнер кој сака да го контролира, промени или поправи како што се Скорпиите, Девиците и Јарците. На Стрелецот му е потребен некој кој со него ќе истражува и ќе се забавува, како што се Близнаците и Овните. Стрелецот е тешко да се скроти, како физички, така и ментално.

Јарец
Најмногу си одговара со: Бик, Девица, Рак.

Јарецот добро се согласува со сите кои животот го сфаќаат сериозно и сакаат да напредуваат. Бикот е најдобар кандидат, но Девицата исто така го инспирира Јарецот со работната етика. Лавот пак од друга страна, го инспирира Јарецот за да преземе ризици, но истовремено и го плаши. Ракот и Јарецот се надополнуваат, бидејќи ги делат истите традиционални погледи кон романтиката и семејството. Јарците, кои се многу одговорни, не ги трпат импулсивните Овни и егоцентричните Лавови.

Водолија
Најмногу си одговара со: Вага, Близнаци, Овен, Стрелец, Лав.

Водолијата не трпи ограничувања и забрани, така што најдобро функционира со партнери кои се со отворени гледишта како Вагата и Близнаците. Овенот и Стрелецот исто така може да ја мотивираат Водолијата да ги следи во нивните совршени идеи. Водените знаци емотивно ја гушат Водолијата која сака и одредена дистанца кога е во прашање интимноста.

Риби
Најмногу си одговара со: Рак, Скорпија.

Потребата на Рибите за емотивна компатибилност значи дека сродната душа ќе ја пронајдат во Ракот или Скорпијата, водените знаци кои ги разбираат нивните емоционални потреби и лесно можат да ги исполнат. Девицата е спротивен знак од Рибите и иако земјените знаци ќе ја осигураат стабилноста на Рибите, исто така може да направат тие да се почувствуваат осамено или тажно поради својата неспособност да ги изразат длабоките емоции. Рибите се исклучително чувствителни на енергијата околу себе, а огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец, многу тешко може да ги примат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот