Пронајдени 110 стари пушки во Старата касарна во Битола

Фото: МВР

Вработен во градежна фирма во вторникот пријавил дека при вршење на ископ во Старата касарна во Битола пронашле поголем број на стари пушки.

Увид извршила екипа од СВР Битола, а вчера пушките биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој констатирал дека станува збор за 110 стари нефункционални пушки со потекло од Првата светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот