Промовирана алатка за следење на сомнителни финансиски средства

Корупција/Фото: Слободен печат-Златко Зец

Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал (ГИ-ТОК) ја промовираше новата алатка подготвена за следење на Сомнителните финансиски средства (ИФФ) во земјите од Западниот Балкан.

Според досегашното искуство, во овој регион разбирањето за ИФФ е лимитирано, а тоа важи и за претставниците на институциите, но и за цивилното општество, како и за приватниот сектор. Токму затоа во земјите од Западниот Балкан тешко може да се пронајдат доволен број на податоци кога е во прашање прометот зо сомнителни средства.

Токму затоа и алатката на ИФФ би требала да донесе голема промена на ова поле во регионот, а истата ќе биде искористена и во најавеното истражување кое се очекува да донесе појасна слика за прометот на средства кои можеби се заработени на нелегален или барем сомнителен начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот