Фото: Драган Митрески, 13.07.2020, ДИК

Пролиферацијата на лажни вести стана итна грижа за владите и општествата ширум светот

Дезинформациите и лажните вести не се новост во светот но тие со сигурност се факт кој постои. Но она што е ново во денешницата за разлика од минатото со појавата на интернет мрежата, лажните вести добиваат легална платформа за брзо и ефикасно ширење.

Овие состојби сега од било кога претходно во минатото го отвораат прашањето колку е ефикасна контролата над информациите и дали постојат државни механизми како алатки за справување со проблематичните состојби? Со избувнувањето на војната во Украина и доскорешната пандемија со вирусот Ковид, се добива на впечаток дека светот води глобален напор за борба против неконтролираното ширење на лажни вести и дезинформации, а државите ширум светот со голема пареа ги интензивираат нивните напори за приведување на оние кои се одговорни за ширење лажни информации.

Хронолошки гледано наназад последен ваков пример во светот е регистриран минатата недела во Пакистан. Осомничен кој е приведен од властите преку свој портал на социјалните мрежи објавил невистинита информација која предизвикала загриженост кај населението, информирајќи дека насилно ја довел својата љубовница од Британија во Пакистан да живеат заедно. Поради страв од киднапирање полицијата повела истрага за случајот која резултирала со фактот дека Пакистанецот ширел лажни вести со што го нарушил законот на земјата.

Претходно, во Кина годинава беше уапсен средовечен маж кој со Чет Џи-Пи-Ти креираше серија на лажни вести за наводна железничка несреќа во земјата која потоа ја публикувал на своите сајтови. Приведениот Кинез во полиција информирал дека чинот го направил за да добие повеќе посета од читатели на неговите портали.

Медиумите од Кина пишуваат дека полициското соопштение за настанот, информира дека осомничениот, е идентификуван во јавноста единствено со неговото презимето – Хонг, и тој се сомничи дека генерирал стотици вести во кои опишува фатална железничка трагедија, ширејќи паника меѓу населението.

Хакери Кина/ Фото: Rokas Tenys / Alamy / Alamy / Profimedia

Според властите, полицијата започнала истрага за настанот веднаш по дојавата за лажните вести 25-ти април.

На почетокот од годинава бангладешката полиција уапси новинар од еден од најчитаните национални медиуми „Протом Ало“ поради „ширење дезинформации“, откако тој објавил лажна вест за зголемените цени на храната. Факт е дека цената на храната во Бангладеш е покачена од втората половина на 2022 година поради руската инвазија во Украина, но истовремено е значајно опадната во вредност во споредба со доларот а сето тоа во земјата ги прави овие информации популарни во медиумите кои се однесуваат на следење на овие состојби.

Министерот Асадузаман Кан, го потврдил апсењето на новинарот и изјавил дека тој бил испрашуван од полицијата поради „дезинформации“.

„Против него е отворен предмет“, истакнал министерот кој посочил дека  новинарот ќе биде ослободен, со можност да се брани од слобода додека трае судскиот процес против него.

Медиумскиот работник бил осомничен за „уништување на угледот на Владата со дезинформации“ и поведување на прашања за успесите на Бангладеш каде во исто време лицето е кривично гонето со закон во земјата познат како Акт за дигитална безбедност“.

Во соседството во 2019 година двајца новинари на албанските медиуми „Сири.нет“ и „Шекули“ беа уапсени и осудени за објавување лажни вести во кои се најавува катастрофален земјотрес и ги повикуваат граѓаните да ги напуштат своите домови, соопштија од албанската полиција.

Распространетата закана како повик за акција

Пролиферацијата на лажни вести и дезинформации стана итна грижа за владите и општествата ширум светот. Лажните информации, често прекриени со сензационализам, имаат потенцијал да манипулираат со јавното мислење, да поттикнат немири, па дури и да предизвикаат штета на поединци и заедници. Препознавајќи го големото влијание врз демократијата, социјалната кохезија и јавната безбедност, земјите се задолжија да се справат со ова прашање директно. За борба против ширењето на лажни вести, неколку земји донесоа строги закони за да ги повикаат поединците одговорни за ширење лажни информации.

Многу од овие закони конкретно ја таргетираат употребата на платформи за социјални медиуми за ширење дезинформации. Прекршителите може да се соочат со високи парични казни, затвор или и двете, во зависност од тежината на нивните постапки. Покрај тоа, агенциите за спроведување на законот се зајакнати со специјализирани единици посветени на следење и истражување на случаи на дезинформации.

Во своја изјава на оваа тема политичкиот аналитичар Милан Стефановски коментира дека повеќе од очигледно се разбира зошто владите во светот тука броејќи ја и Македонија во тесна соработка со технолошките компании, медиумските организации и граѓаните мора да соработуваат за да се осигураат дека вистината преовладува во секојденвото информирање.

– Сакале или не ние сега живееме во високо поврзан свет каде информациите одигруваат многу клучна улога, за разлика на пример од времето пред 20 или 30 години.Токму затоа за мене се разбирливи воведувања на строги закони против оние кои шират дезинформации и лажни вести и истовремено не ме изненадуваат и судските процеси за оваа работа која силно ја подржувам – рече Стефановски.

Технолошките џинови се придружуваат на битката

Компаниите кои се сопственици на социјалните мрежи и интернет платформите препознавајќи ја своијата улога во олеснувањето на брзото ширење на информациите, се придружија на државите во процесот на разрешување на проблемот. Водечките социјални медиуми и онлајн платформи имаат имплементирано механизми за проверка на факти за да се идентификуваат и да се означат погрешните содржини. Овие платформи сега тесно соработуваат со властите за брзо отстранување на штетните содржини и суспендирање или забрана за корисници кои постојано шират лажни вести.

Меѓународна соработка: Обединување против дезинформациите

Борбата против лажните вести не познава граници, а земјите сè повеќе соработуваат на глобално ниво. Преку меѓународните сојузи, владите разменуваат информации, најдобри практики и стратегии за да се спротивстават на кампањите за дезинформација кои се обидуваат да влијаат врз странските општества. Таквата соработка се покажа како инструментална за следење и држење на одговорност на оние кои ги организираат напорите за прекугранична дезинформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот