пиперки
Црвени пиперки - ајварки/Фото: Unsplash

Производството на црвена пиперка намалено, откупната цена се движи од 20 до 50 денари за килограм

Според трговците, овие откупни цени се очекува да важат и за откупот на црвената пиперка од отворено

Во Струмичко привршува откупот на црвената пиперка куртовска капија произведена во пластеници. Откупната цена се движи од 20 до 50 денари за килограм во зависност од квалитетот, а трговците велат дека и годинава производството е намалено во споредба со лани. Според Ване Заев од компанијата „З пласт“ од село Муртино, откупот почнал на почетокот на минатиот месец и досега секојдневно црвената пиперка куртовска капија најмногу се извезува на пазарите во Бугарија, Србија, Хрватска и во Словенија.

– Лошите временски услови, односно големите жештини, драстично го намалија приносот кај производителите. За куртовската капија има побарувачка и добро е што цените цел период се стабилни – вели Заев. Инаку, прва класа црвена пиперка куртовска капија се откупува за 50 денари во гајба, прва класа за индустриско производство – 40 денари за килограм, втора класа 30 и 20 денари. Според трговците, овие откупни цени се очекува да важат и за откупот на црвената пиперка од отворено.

Таа треба да почне да се бере за десетина денови и најмногу е наменета за подготовка на ајвар. Инаку, денеска на пазарот на големо во Струмица доматите се продаваат од 50 до 80 денари за килограм, пиперките 80, црвената пиперка-50, компирот од 15 до 25 денари за килограм, праските од 35 до 40, грозјето од 50 до 60 денари и црните патлиџани 20 денари за килограм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот