Проф. Ана Павловска Данева/Фото: Слободен печат

Сите молчат! – професорката Павловска-Данева за разрешувањето на Дамева од Судскиот совет

Професорката на Правниот факултет, Ана Павловска Данева, во објава на Фејсбук го коментира денешното контроверзно разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. Таа беше разрешена со гласовите на седуммина членови на Советот, а нејзиниот заменик, Селим Адеми го презеде раководењето со денешната седница.

На контроверзниот потег на Адеми и членовите на Советот реагираа експерти, невладини организации и политички субјекти, оценувајќи го како скандалозен, противзаконски и спротивен на деловничките процедури.

„Денес потпретседателот на Судски совет и го одзеде зборот на претседателката на Советот и продолжи да ја води седницата, па ја разреши спротивно на Закон и Деловник. Сите молчат! Утре може да се случи првиот (или вториот, третиот…) вицепремиер да му го одземе зборот на премиерот и да продолжи да ја води Владата! Сите пак ќе молчат! И него ќе го пуштат низ вода. Битно нивните функции, паушали, хонорари да останат нечепнати“, напиша професорката Павловска Данева во објавата.

Таа во коментарите предлага „Владата, која има има свој претставник во Судскиот совет, Претседателот на државата (кој исто така има свој претставник кој патем е разрешен незаконски), Врховниот суд како највисока судска инстанца, правните експерти, Уставниот суд… јавно да го осудат денешниот преседан во СС“.

Професорката Павловска-Данева исто така вели дека Службениот весник не треба да ја објавува одлуката донесена во незаконита постапка, а таа треба да се оспори во управен спор со барање за изрекување времена мерка од страна на Управниот суд.

„Сите за правично судење“: Судскиот совет не ја испочитува процедурата за разрешување на Весна Дамева од функцијата претседател

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот