Фото: Архива на „Слободен печат“

Проф. Спасов: Мал е и бројот на студенти кои запишаа албански и турски јазик

Професорот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. д-р Људмил Спасов, на вестите на Канал 5 зборуваше за малиот број на запишани студенти на студиите по македонски јазик. Како што рече тој, бројот на уписи е намален и кај студиите по албански и турски јазик.

– Се помалку има и на албански и турски. Факултетот е пазар на знаењето, пазар на науката, рече Спасов.

Деканот на катедрата по македонски јазик, Искра Пановска – Димковска, изјави дека лани се запишале 22 студенти по македонски јазик, а сега само осум.

– Секаде опаѓа интересот за изучување на мајчиниот јазик и тоа не ништо ново, но има земји каде се обезбедуваат стипендии и се посегнува по маркетинг, вели Пановска – Димовска во вестите на „Телма“.

Деканот на факултетот, Анета Дучевска, пак смета дека има голем број уписи на приватните универзитети, а и државата не го донела Законот за македонски јазик со кој ќе било задолжително зголемувањето на бројот на вработени лектори. На насоките Македонски јазик и Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, вкупно се запишале само 15 редовни и еден вонреден студент. Осуммина од нив ќе студираат Македонски јазик, седуммина Македонска книжевност и јужнословенски книжевности, а вонредниот студент е запишан на отсекот за книжевност.

На студиите по македонски јазик и книжевност се запишаа само 16 студенти

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот