Плакат за осмото издание на „Бич филм фестивал“ во Охрид

Проекции на германски филмови на плажата Сараиште ќе го најават осмото издание на „Бич филм фестивал“ во Охрид

Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“ („Beach Film Festival“), кој веќе осум години нуди врвна филмска програма на повеќе локации долж охридското крајбрежје, оваа година вклучува и слатко изненадување – летно загревање пред да почне официјалната програма.

Селекцијата „Земја во фокус“ оваа година ја претставува Германија. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филмови. Секоја вечер од 2 до 6 јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избрани филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин.

Фестивалската претпрограма ќе биде отворена на 2 јули со проекција на филмот „Два спрема еден“ („Zwei zu eins“), а ќе следуваат „Френки со пет ѕвезди“ („Franky Five Star“) на 3 јули; „Јоња“ („Jonja“) и „Утре некаде покрај море“ („Morgen irgendwo am Meer“) на 4 јули; „Пливање“ („Schwimmen“) и „Надвор од мојата кожа“ („Aus Meiner Haut“) на 5 јули, „Обичните“ („Die Gewöhnlichen“) на 6 јули. Ова е одлична можност за сите љубители на европската кинематографија да се воведат во фестивалската магија што следи.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм, Општина Охрид, Шпанската амбасада, Австриската амбасада, Француската амбасада, Гете институт, Италијанската амбасада, Халкбанк. Официјалната програма на осмото издание на „Бич филм фестивал“ ќе се одржи од 23 до 27 јули во Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот