Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ почна со снимање на нов игран филм

Проба за снимањето сцена за филмот „Скејтањето не е за девојчиња“

Филмската продукција „Сестри и брат Митевски“ на 2 април почна со снимање на долгометражниот игран филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума.

Проектот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, од каде доаѓа креативна и техничка екипа. Филмскиот проект е сместен во енергичната ромска заедница во Шуто Оризари.

Филмската приказна следи три генерации жени – додека тие се движат низ судирот меѓу традицијата и предизвиците од модерното време. Низ светогледот на 12-годишната Адела, филмот отвора свет во кој три генерации жени се осмелуваат да ги препишат сопствените судбини и да ги оспорат границите на општеството обликувано од традицијата.

Локациите на снимање се на територијата на Скопје. Главните улоги ги толкуваат натуршчици и актери од ромската популација: Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. Сценариото е на Дина Дума, косценаристи се Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска, директор на фотографија е Фредерик Ноиром, сценограф е Вук Митевски, костимограф е Матеја Фајт, шминката е на Мојца Горогранц-Петрушевска, кастинг-директор е Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Лабина Митевска, копродуценти се Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац.

Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, како и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија, Хрватска и од „Еуримаж“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот