Фото: Profimedia

Продуцентите го открија профилот на актерот кој ќе го игра новиот Џејмс Бонд

Продуцентите на серијлот за Џејмс Бонд, Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон ги открија плановите за замена за Даниел Крег. Тие рекоа дека изборот на новиот Бонд е „голема одлука“.

Броколи и Вилсон велат дека следниот Бонд ќе биде маж најверојатно во триесеттите и не е сигурно дека ќе биде белец.

„Секогаш кога ангажираме нов актер, филмовите се менуваат. Тоа е возбудата на новиот Бонд, нова насока“, рече Вилсон. „Секој од овие луѓе кои ја презедоа улогата понуди нешто ново и различно“, додаде тој.

Продуцентите сè уште работат на нова насока за франшизата 007 бидејќи Даниел Крег го остави Бонд зад себе по „Нема време за умирање“ од 2021 година, неговиот петти и последен филм во оваа акциска франшиза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот