Пожар во Трубарево / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Продолжен притворот на четворицата осомничени за пожарот во Трубарево

Нови 48 часа притвор им е одреден на четворицата опфатени во постапката во врска со пожарот што во саботата избувна во објект на фабрика за електронски отпад во скопско Трубарево, информираат денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Притвор од 48 часа за четворицата приведени за пожарот во Трубарево

Притворот, додаваат од Кривичен, е на предлог на Основното јавно обвинителство Скопје.

Претходно, на 15 септември, Кривичниот суд одреди краткотраен притвор од 48 часа за четири лица што претходната вечер во врска со пожарот беа спроведени во Судот.

Притворените се на возраст од 22 до 59 години и се осомничени дека заеднички извршиле кривично дело Загрозување на животната средина и природата со отпадот кој беше запален и долго време гореше во Трубарево.

„Нивните конкретни дејствија се испитуваат, но станува збор за 56-годишен управител и сопственик на 2 правни лица, 22-годишна управителка на трето правно лице, 42-годишник во својство раководител на подружница и еден 59-годишник вработен во правно лице. Се испитува потенцијална одговорност и на други лица“, се вели во соопштението.

Четворицата се осомничени за загрозување на животната средина и природата со отпад.

Обвинителство денеска ќе започне со увид за да ги открие причините за пожарот во Трубарево.

ВИДЕО | Драматична е состојбата во Трубарево: Гори фабриката „Нула отпад“, чад се шири насекаде

По наредба на јавниот обвинител, како што беше информирано, екипи на СВР Скопје и вчера излегле на лице место со цел преземање дејствија и прибирање определени докази потребни во однос на постапката за загрозување на животна средина со отпад.

Пожарот во Трубарево избувна во саботата на 13 септември околу 14 часот во складиште за рециклирање електронски отпад.

Мицкоски: Идентификувавме 20-на осомничени за пожарите, во моментов заседава врвот на МВР

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вчера попладне информираше дека пожарот е целосно изгаснат, а целата опожарена површна е затрупана со песок и земја.

ВИДЕО | Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, депонијата „Дрисла“ речиси целосно затрупана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот