Фото: Телма

Приведени криминалци во Скопје барани со потерници за извршени тешки кражби

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 6 часот во Скопје, на територијата на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.

Исто така, денеска полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 6 часот и 50 минути во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Како што додава МВР, лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот