Фото: МВР

Приведен косовски државјанин на патарина, превезувал стока без документација

Полицијата вчера на наплатна станица Миладиновци во Скопје го приведе 32-годишниот Ш.К. од Косово. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при контрола на возилото со кое управувал пронајдена е поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони.

Фото: МВР

-На 12.10.2024 околу 09.30 часот на наплатна станица Миладиновци во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Ш.К.(32) од Косово. При контрола во патничкото возило „мерцедес” со косовски национални ознаки, кое го управувал, во кое бил со уште едно лице, била пронајдена поголема количина стока за која не поседувал никаква документација и околу 40 парчиња бланко бугарски зелени картони – се вели во соопштението.

Фото: МВР

Пронајденото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот