Приведен 34-годишен скопјанец, криумчарел мигранти од Сирија

Фото: Архива

Вчера, полицијата го привела 34-годишниот А.Е од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што информираат од МВР, А.Е бил приведен во 21:15 часот на улица „Димко Најдов“ во Велес.

Полициски службеници синоќа околу 21:10 часот на автопатот А1 дале знак за запирање на возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е. Но, тој продолжил со движење и откако се исклучил на регионалниот пат застанал во близина на клучка Караслари и од возилото излегле неколку лица. По преземени мерки, биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, по што бил пронајден возачот и возилото.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против А.Е. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот