Граничен премин Табановце / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Притвор за Турчин кој шверцал златен накит вреден близу 2 милиони денари

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Турција со привремено престојувалиште во Франција, бидејќи постои основано сомнение дека шверцувал златен накит.

„Осомничениот, на 11 септември, на влез во државава на граничниот премин „Богородица“, како сопатник во автомобил „Ауди“ со француски регистарски ознаки, ја избегнал царинската контрола и пренел непријавена стока од поголема вредност, односно седум парчиња златен накит со вкупна тежина од 285,28 грама и вредни 1.977.129 денари кои не ги пријавил“, информираат од Обвинителство.

Со оглед на тоа дека постои реална опасност од бегство и дека неговото присуство во текот на кривичната постапка не може да се обезбеди на друг начин, по предлог на јавниот обвинител на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот