Фото: Профимедиа

Притисокот ви скока само кога сте кај лекар? Не сте единствени, 25 отсто од населението има „хипертензија од бел мантил“

Околу 25 отсто од населението има зголемени вредности на крвниот притисок кога се мери во лекарска ординација. Како причина за тоа сите обично ги наведуваат стравот и анксиозноста, а еве како да утврдите дали крвниот притисок ви скока само од страв.

– Тука не станува збор за вистинска хипертензија и оваа појава се нарекува „хипертензија на белиот мантил“. Во домашни услови, овие пациенти имаат нормални вредности на крвниот притисок. Исто така, еден процент од пациентите со докажана хипертензија имаат повисоки вредности на крвниот притисок измерени во амбулантски услови – објаснуваат од Здружението на центри за хипертензија, превенвија од срцев и мозочен удар – ХИСПА.

Се поставува прашањето, што да се прави со таквите пациенти и како да се докаже дека се работи за „хипертензија од бел мантил“?

– Доколку дијагнозата на хипертензија се поставува исклучиво врз основа на зголемени вредности на крвниот притисок во ординацијата, ризикуваме да го лекуваме нормалниот крвен притисок, што дополнително ќе го намали, што пациентите тешко ќе го толерираат. Од друга страна, со прогласување на секој зголемен крвен притисок за оваа појава, ризикуваме да не поставуваме дијагноза навреме пациентот и да овозможиме адекватно лекување, со што се зголемува ризикот од појава на компликации од хипертензија – велат експертите од ова Здружение.

Дијагнозата на „хипертензијата од бел мантил“ се поставува врз основа на 24-часовно амбулантно следење на крвниот притисок (скратено АМП, анг. AMBP или „холтер притисок“, што е неправилен, но често користен термин.

Апаратот е програмиран да мери крвен притисок на секои 15 до 20 минути во текот на денот и на секои половина час во текот на ноќта. Потоа, се пресметува средната вредност на крвниот притисок, просекот во текот на денот и ноќта, како и дневно-ноќната разлика, врз основа на што се поставува конечна дијагноза. Алтернатива на ова мерење е да го измерите вашиот крвен притисок дома и да го споредите со вредностите измерени во ординацијата. Потребно е пациентите да бидат обучени за самомерење или тоа да го направи друго обучено лице.

Зголемениот крвен притисок или хипертензија се дефинира како состојба во која двете или едната компонента на крвниот притисок се зголемени над вредностите кои се сметаат за нормални. Притоа, нормалните вредности за систолниот крвен притисок се 140 mmHg, а за дијастолниот се 90 mmHg.

На пациентите со „хипертензија од бел мантил“ не им е потребно лекување.

Меѓутоа, неопходно е да се следат, бидејќи во одреден период од животот може да развијат и вистинска хипертензија, која ќе бара лекување.

Што е „маскирана хипертензија“?

Интересно е што постојат и случаи кога нормалните вредности на крвниот притисок се мерат во амбулантски услови, додека пациентите бележат зголемен крвен притисок дома. Овој феномен, кој е спротивен на „хипертензијата на белиот мантил“, е означен како „маскирана хипертензија“.

– Се појавува кај 10 до 40 отсто од луѓето кои имаат нормални вредности на крвниот притисок измерени на класичен начин и најчесто се дијагностицира со 24-часовен АМП мониторинг. Значењето на овој феномен лежи во фактот што овие пациенти имаат зголемен кардиоваскуларен ризик.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот