
Присуството на жените во филмската индустрија ќе биде зајакнато преку проектот „Кадар-на“
ИФФК „Браќа Манаки“, како дел од проектот „Кадар-на“ (анг. „Her frame“, во буквален превод „Нејзин кадар“), ја поддржува иницијативата за надминување на родовата нерамноправност во филмскиот сектор.
Препорачано
Проектот „Кадар-на“ е поддржан од Британскиот совет како дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој е финансиран од Европската унија и има за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за да се оствари поголемо социо-економско влијание. Проектот „Кадар-на“ е во заедничка реализација на Филмскиот фестивал во Нови Сад и ИФФК „Браќа Манаки“.
Постоењето на родовата нерамноправност е утврдено на сите нивоа во аудиовизуелната индустрија, а оваа програма е наменета за нови и млади уметници, филмски работнички кои сакаат да ги усовршат своите знаења и вештини со поддршка од истакнати експерти од филмскиот свет, преку онлајн работилници и интензивна менторска програма.
Повикот за учество на пет работилници со експертки од филмскиот свет е отворен до 9 јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 16 јуни годинава.