Карли Клос / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Пристигна принова: Манекенката Карли Клос го доби своето трето дете, ги откри името и полот

Супермоделот Карли Клос и претприемачот Џошуа Кушнер го добија своето трето дете. Среќната вест ја потврди Џошуа на социјалните мрежи, откривајќи дека на 18 септември на свет пристигнала нивната ќерка, пренесува „Пипл“.

Тој објави фотографија од новороденчето завиткано во шарена покривка со розово капче, а во описот го откри и името на девојчето: „Реј Флоренс 18.9.2025.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joshua Kushner (@joshuakushner)

Подоцна, и Карли ја објави фотографијата од девојчето со истиот опис. Новиот член во семејството Клос-Кушнер пристигнува шест месеци откако парот објави дека очекува трето дете. Карли и Џошуа се веќе родители на четиригодишниот син Леви и двегодишниот Елајџа. Бременоста, 33-годишната Карли ја потврди во март со серија црно-бели фотографии на кои го покажа стомакот, со едноставен опис: „Три е позабавно.“

Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ неодамна отворено зборуваше за тоа колку ѝ значи поддршката од сопругот во родителството.

„Заедно сме откако имав 19 години. Пораснавме заедно. Тој секогаш ми бил најголема поддршка, особено во ова прилагодување на мајчинството“, објаснила таа во мај за време на гостувањето во подкастот „Аспајр“ на Ема Греде.

Таа додаде дека токму тој ја охрабрувал да не се изгуби себеси во новата улога.

„Тој беше некој што велеше: Карли, не смееш да се изгубиш. Нема да бидеш среќна, а тоа ќе го почувствуваат и нашите деца“, додала таа.

ФОТО | Карли Клос го чека своето трето дете: Манекенката гордо го истакна трудничкиот стомак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот