Топло Време / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Природниот прираст негативен – лани 4.140 повеќе умрени од родени

Природниот прираст кај населението минатата година e негативен и во градските подрачја и во селските подрачја. Три четвртини од вкупно 4.140 лица, за колку е намален бројот на население минатата година, се во градските средини, наспроти една четврина во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика во градските подрачја во 2024 година, во градските подрачја се живородени 9.694 деца, што е 60.4 % од вкупниот број на живородените деца, а умреле 12 826 лица, што е негативен природен прираст од -3.132 лица.

Во селските подрачја во 2024 година имало 6.367 деца или 39.6 % од вкупниот број на живородените деца, додека умреле 7 375 лица, што е негативен природен прираст од 1.008 лица.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања има Скопскиот регион со 40.4 %, а најмало Источниот регион со 5.8 %. И во однос на вкупниот број умрени лица, по региони, најголемо учество има Скопскиот со 30.3 %, а најмало Североисточниот регион со 8.0 %.

Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 28, додека во селските подрачја умреле 19 доенчиња.

Повеќе бракови се склучени во градските подрачја – 54.3 проценти, но и бројот на разведените бракови и тоа за 64.2 отсто.

Бројот на склучените бракови во градските подрачја изнесува 6.014 или 54.3 %, наспроти 5 052 бракови или 45.7 % во селските подрачја.

Бројот на разводите во градските подрачја изнесува 1.299 или 64.2 %, додека во селските подрачја има 725 разводи или 35.8 % од вкупниот број разводи.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 42.2 % имаат преселбите од село во град, а Пелагонискиот регион има најголемо учество со 52.8 %.

Меѓуселските преселби имаат најголемо учество во Полошкиот регион со 49.6 %, наспроти меѓуградските со учество од 2.5 %. Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 2.603 лица, а најмало во Вардарскиот Регион, односно -177 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот