Tim Goode, PA Images / Alamy / Profimedia

Принцот Хари успеа да ги скара принцот Вилијам и кралот Чарлс

Принцот Хари размислува за враќање во кралското семејство откако неговата последна средба со кралот Чарлс поминала многу добро, тврдат извори блиски до него. Тој верува дека повторно би можел да преземе дел од кралските должности, и тоа на начин да доаѓа во Обединетото Кралство неколку пати годишно за јавни настани и хуманитарни иницијативи.

Но од кралскиот круг порачуваат дека таквото враќање „половина-половина“ не е можно бидејќи кралот Чарлс инсистира на тоа дека членовите на семејството не можат делумно да бидат вклучени во службените должности.

Сепак, посетата на принцот Хари успеала да предизвика несогласици меѓу кралот Чарлс и принцот Вилијам.

Средбата на принцот Хари и кралот Чарлс не беше одобрена од целото кралско семејство. И додека извори блиски до кралот ја нарекоа средбата „позитивна“ и „опуштена“, принцот Вилијам остана резервиран и се спротивстави на враќањето на војводата од Сасекс во блискиот круг на семејството, што предизвика тензии меѓу Вилијам и кралот.

Експертите за кралското семејство истакнуваат дека Вилијам е „разбирливо лут“ поради медиумското присуство на Хари во британските хуманитарни кругови и патувањата во Украина, особено по низата остри јавни критики кон семејството што Хари ги упати последните години.

Затоа Вилијам не го променил својот став за враќањето на неговиот брат и, за разлика од кралот Чарлс, кој покажува подготвеност за помирување, тој сè уште инсистира на јасни правила во рамките на семејството.

„Чарлс знае дека во овие времиња на политички раздори, поделеното кралско семејство изгледа грдо. Но, тоа беше и исполнување на татковскиот копнеж. Не е тајна дека на Чарлс очајно му недостига неговиот син, кој претходно секогаш беше забавен, разигран неранимајко во споредба со посмирениот Вилијам“, изјави кралскиот експерт Браун за „Њујорк тајмс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот