Принцот Хари и принцот Ендру - Фото: EPA/Andy Rain

Принцот Хари проговори за кавгата со чичко му: Негираше дека му го раскрварил носот

Британскиот принц Хари негираше дека му го раскрварил носот на својот чичко, принцот Ендру, за време на тепачка на семеен собир во 2013 година, како што е наведено во новата биографија на војводата од Јорк, чии делови објави „Дејли мејл“.

Според биографот Ендру Лоуни, расправијата ескалирала во физички конфликт откако, наводно, Хари му рекол на својот чичко дека е кукавица затоа што зборува за него зад грб, а не во лице, пишува „Гардијан“.

Лауни тврди дека Ендру „го извлекол подебелиот крај“ во тепачката и завршил со крвав нос пред да се разделат.

Во биографијата, насловена како „Подемот и падот на Јоркшката куќа“, исто така се тврди дека Ендру му кажал на Хари дека неговиот брак со Меган Маркл нема да трае повеќе од еден месец.

Тој наводно ја обвинил Меган дека е опортунист, како и дека е премногу стара за Хари, додавајќи дека принцот ја прави најголемата грешка и требало да ја провери нејзината позадина пред да се свршат во 2017 година.

Портпаролот на Хари и Меган изјави дека принцовите Хари и Ендру никогаш немале физичка конфронтација и дека Ендру никогаш не дал такви коментари за Маркл.

Војводата и војвотката од Сасекс испратија писмо до „Дејли мејл“, откако весникот објави материјал полн со неточности, навреди и клевети.

Во биографијата, исто така, се тврди дека Хари и неговиот брат Вилијам имале „проблематична“ врска со години со Ендру, кој наводно бил груб и кон сопругата на Вилијам, Катерина, принцезата од Велс.

Принцот Ендру ја изгуби наклонетоста на кралското семејство по интервјуто од 2019 година во кое зборуваше за своето пријателство со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, поради кое му беа одземени кралските и воените титули во 2021 година.

Кралот Чарлс му дозволил на својот помлад брат да престојува во резиденција со 30 соби во Виндзор Парк, но минатата година му го намалил годишниот приход од 1 милион фунти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!