Фото: Мета.мк

Прилепчанец е избоден со нож по банална кавга на улица

Вчера во Прилеп се случил тежок инцидент кога, по сообраќајна несреќа на крстосница во градот, едниот возач извадил нож и го избол 43-годишниот сограѓанин со чиј автомобил се судрил, соопшти МВР.

„На 03.10.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски Бранители“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од Прилеп и патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки. Според пријавеното, веднаш потоа настанала расправија помеѓу М.Џ. и возачот на возилото „ауди“, кој притоа со остар предмет го нападнал М.Џ. и му нанел убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот