
Закани и напади со ножеви, пиштоли и со боксирачи низ земјата
Во последниот период полицијата регистрирала три посериозни инциденти: 19-годишник од гостиварско село со остар предмет му се заканувал на својот татко, 16-годишник од Штип со боксирач нанел тешки повреди на малолетник, а во Куманово 39-годишен жител на Романовце се заканувал со огнено оружје кон сограѓанин.
Препорачано
Тинејџер му се заканувал на татка си дека ќе го боде
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишниот А.А. од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 13 јули 2025 годиа во дворот од семејната куќа, пријавениот му се заканувал со остар предмет на својот 47-годишен татко.
Тинејџер од Штип натепал момче со боксирач
СВР Штип поднесе кривична пријава против 16-годишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 21 август 2025 година, во село Карбинци, пријавениот физички нападнал малолетник и притоа употребил боксирач, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Му се заканувал со пиштол
Во понеделникот, во 16:30 часот, полицајци од СВР Куманово го привеле 39-годишниот О.Е. од село Романовце, кумановско, зашто на улицата „ Илинденска“ во Куманово му се заканувал со огнено оружје на 22-годишниот Е.С. од Куманово.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.